Легендарниот кошаркар доживеа мозочен удар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српските медиуми пренесуваат дека легендарниот југословенски кошаркар Жарко Паспаљ доживеал мозочен удар додека претстојувал во САД.

Жарко Паспаљ доживеал мозочен удар по што веднаш бил префрлен во болница во Сан Антонио. На посета веднаш му дошол тренерот на Сан Антонио Грег Поповиќ и неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Србија, Владе Дивац.

Дивац информира дека Паспаљ успешно се опоравува и ја има сета потребна нега благодарение на Грег Поповиќ.

За среќа Паспаљ моментално е во добра состојба и мозочниот удар не оставил траги по неговото здравје.