Легендарниот Карим Абдул – Џабар ги продаде шампионските прстени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот НБА-кошаркар Карим-Абдул Џабар на аукција ги продаде шампионските прстени и уште 1000 сувенири од својата богата кариера.

Целата заработка ќе оди во неговата хуманитарна фондација, која им помага на децата во едукација.

Со Милвоки Бакс, Џабар беше шампион во 1971 година, а во 80-тите години од минатиот век петпати ја освојуваше титулата со ЛА Лејкерс.

Четири од шесте шампионски прстени Џабар и тоа од 1980, 1985, 1987 и 1988 година, ги продаде на аукција за скоро 3 милиони долари.

Исто така од предметите за висока сума е продадена топка од финалната НБА-серија во 1989 година, за која се платија 270,050 долари. Тука се и три од шесте МВП-трофеи, од 1972, 1974 и 1976 година, кои завршија во нечии раце за по 120.000 долари.

Речиси сите средства заработени на оваа аукција ќе завршат во хуманитарни цели и ќе бидат вложени во фондацијата „Скајхук“, која им помага на децата во САД

„Кога мора да бирате меѓу шампионски прстен и трофеј во соба или овозможување подобри услови за децата да ги променат своите животи, изборот е премногу едноставен“, кажа Џабар“, изјави легендарниот кошаркар.

„Наместо да гледам во трофеите и накитот кои слават нешто што сум го направил многу одамна, подобро да гледам во радосното лице на некое дете кое размислува што може да направи за својата иднина“, додаде Џабар.