Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кандидатот за претседател на Србија, Лука Максимовиќ, попознат како Љубиша Прелетачевиќ Бели, изјави дека ако го добие претседателскиот мандат, претседателската вила на Дедиње ќе им ја отстапи на студентите.
Во интервју за Blic тој изјави дека прв негов претседателски чекор ќе биде отстапување на претседателската вила во која сега живее Томислав Николиќ.
„Јас со мојата драга нема да живеам на Дедиње, вилата ќе им ја отстапам на студентите“, вели Бели.
Бели најави дека подготвува кампања „патувачки циркус – Бели караван“. Се заблагодари на опозиционерските функциониери кои му помогнаа да му помине претседателската кандидатура, бидеќи, како што вели „сите сакаме да ги скинеме“ овие од владеачката кпартија, но наведува дека не очекува нивна поддршка.
Бели вели дека за кампањата има над 500.000 динари, што мисли дека е доволно да се реализира она што го замислил.