Home Спорт Легендарниот Американец е нов тренер на Ѓоковиќ

Легендарниот Американец е нов тренер на Ѓоковиќ

Откако вчера објави прекин на соработката со целиот стручен штаб, Новак Ѓоковиќ во следниот период ќе работи без тренер, но наскоро ќе биде познат човекот кој ќе му помага во работата.

Неофицијално, голема желба на Ѓоковиќ е легендарниот американски ас Андре Агаси. Се очекува на почетокот тоа да биде само повремена соработка, а од идната сезона Агаси целосно да ја преземе работата со српскиот ас.

Агаси има свој стил на работа кој може да ја оплемени играта на Ѓоковиќ и кој се разликува од Борис Бекер и Маријан Вајда. По тениската пензија Агаси не работел како тренер на ниту еден познат тенисер од врвот на АТП листата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…