Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За да добие датум за отворање пристапни преговори со Европската Унија, Македонија треба да испрати јасни сигнали дека разбрала што им е важно на земјите-членки на Унијата, истакна советникот на вицепремиерот за европски прашања, испратен од француската влада Франсоа Лефон.
Лефон посочува дека целта е добивањето на датум со што потоа Македонија би продолжила со реформите, модернизацијата и подготовката на земјата за подобра иднина.
„Минатото лето не беше баш најдобро за Северна Македонија. Сета таа димензија на корупција повторно ја прикажа земјата во неубаво светло. Па треба да вложиме напори во однос на реформите во борбата против корупцијата, да се осигураме дека судската структура работи правилно откако таа специјална обвинителка веќе не е во игра. Па, ако сè оди како што треба од обете страни – овде во државата и на европско ниво – зошто да не биде во март? Колку побрзо толку подобро, под услов процесот да работи правилно. Ова беше една од работите која ја спомна францускиот претседател“, вели Лефон.
„Најважното е дека методологијата ќе ѝ помогне на земјата да се модернизира. По пристапувањето, треба да се види конкретен напредок во земјата; економската состојба на луѓето да стане подобра, младите да имаат поголеми изгледи да останат во земјата… Кога ќе почнеме преговори, се надеваме дека општата состојба ќе се подобри“, додаде тој.