Леброн Џејмс потврди: „Го снимам Space Jam 2“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


НБА ѕвездата Леброн Џејмс потврди дека започнал со снимање на најавеното продолжение од играно-анимираниот филм „Space Jam 2“. Веста ја потврди на Твитер, на големо задоволство на обожавателите кои одвај чекаат да го видат својот омилен кошаркар во улогата која некогаш ја толкуваше култниот Мајкл Џордан.

„Човече, ова стварно ме погоди! Навистина го снимам Space Jam 2! Ова е толку надреално и воопшто ми нема смисла. Од каде доаѓа и што имам видено додека растев, ова нема врска со тоа. Навистина сум благодарен и повеќе од благословен. Ова е лудило!“, напиша Џејмс на својот Твитер профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SpringHill Entertainment (@springhillent) on

„Space Jam 2“ режисерски потпишан од Рајан Кулгер и Теренс Ненс е продолжение на успешниот „Space Jam“ од 1996 година во која глумеше Мајкл Џордан заедно со Душко Долгоушко. Освен него, улоги имаа и голем број други НБА ѕвезди како Чарлс Баркли и Патрик Јуинг.

Актуелните НБА ѕвезди ќе имаат слични улоги и во ова продолжение, а еден од нив ќе биде Ентони Дејвис. Освен Дејвис, во филмот би требало да глумат и кошаркарите, Демијан Лилард, Крис Пол и Клеј Томпсон, како и WNBA ѕвездите Дајана Таураси и Нека Огвумике.

Продукцијата е на Warner Bros., а филмот во кино салите ќе пристигне во јули, 2021 година.