Спорт

Леброн Џејмс со нов „трипл-дабл“ ја промени историјата на НБА (видео)


Осум натпревари беа на програмата синоќа во НБА лигата, а во центарот на вниманието секако беше Леброн Џејмс, кој со нов трипл-дабл успеа да го престигне Лери Брд на вечната листа на играчи со најголем број на трипл-дабл учиноци.

Леброн Џејмс синоќа го направи својот 60. трипл-дабл во кариерата со кој го помина Лери Бирд на вечната листа и дојде до шестата позиција.

Кливленд стигна до победа во мечот против Јута Џез, со резултат 109:100. Леброн беше предводник постигнувајќи 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, и со тоа го забележа 60-от трипл-дабл учинок во кариерата.

Милош Теодосиќ повторно одигра добра партија во дресот на ЛА Клиперс, но на крајот неговиот тим беше поразен од Мајами со 90-85. Србинот натпреварот го заврши со 13 поени и 6 асистенции. Во тимот на Мајами најефикасен беше Ричардсон со 28 поени, а Драгиќ запиша 12 коша. За Теодосиќ поразот беше негов прв во кратката НБА кариера.

Резултати:
Шарлот – Портланд 91:93
Кливленд – Јута 109:100
Њујорк – Оклахома 111:96
Хјустон – Милвоки 115:111
Мајами – ЛА Клиперс 90:85
Минесота – Феникс 106:108
Сан Антонио – Далас 98:96
Мемфис – Бостон 93:102

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top