„Лебот е пенис“: Католичко училиште ја загреши работата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Католичкото училиште Блекфрајрс Прајори Скул (Blackfrires Priory School) во Аделаид мораше да ја покрие пресно поставената статуа во школскиот двор, откако фотографија од истата стана вирален хит на интернет поради (сигурно ќе се сложите) прилично очигледна причина.

Имено, целата статуа изгледа вака.

Содржината е следна: Детенце клечи пред Свети Доминико, додека овој му подава парче леб (позициониран на прилично непријатно место на статуата). Поради тоа, многумина „видоа“ нешто сосема друго и поразлично од пораката која имал намера да ја испрати авторот на уметничкото дело, а преку него и школото, па сега статуата стои покриена во школскиот двор.

„Кој по ѓаволите го дизајнирал, одобрил и подигнал ова, а да не сфати ништо од тоа што го прикажува?“, „Дали сериозно ова никој не го погледнал пред да го постави?“, „Дали е проблем тоа што лебот е неговиот пенис?“ се само некои од лавината коментари адресирани на ова уметничко промашување, откако фотографијата се појави на Инстаграм профилот Shit Adelaide.

Сепак, имаше и такви кои на статуата не гледаат ништо спорно. „Вие само имате валкана фантазија“, „Не гледам каде е тука проблемот, на детето му дава леб“ беа дел од малиот број оправдувачки коментари.

А како што тоа веќе задолжително бива со социјалните мрежи, веднаш се раширија и серија фотошоп исмевања и зафрканции со споменатата статуа.

A post shared by Shit Adelaide (@shitadelaide) on

A post shared by Shit Adelaide (@shitadelaide) on

A post shared by Shit Adelaide (@shitadelaide) on