Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Lear Corporation денес отвори нова фабрика за автомобилска кожа и платно во Тетово, Македонија, за производство на навлаки за автомобилски седишта и сродни производи.
Новоизградената фабрика ќе ја замени времената локација што Lear ја најави во мај, 2015 година и што на почетокот обезбеди работни места за околу 300 лица, наменета за сечење и шиење на кожа и платно.
На свеченото отворање на Lear говорници беа македонскиот министер за странски инвестиции Веле Самак и министерот за економија Дритон Кучи.Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории, на приближно 12.000 квадратни метри, со простор за потенцијално проширување од дополнителни 8.000 квадратни метри.
Како светски лидер за седишта за луксузни возила и возила со високи перформанси, Lear постојано се проширува, ставајќи акцент на понудата на квалитет и на нашата континуирана традиција на одлична оперативна ефикасност, успех во отпочнување со работа кој е водечки во индустријата и стручно и вешто изработени дизајни на тапацир, рече Џенин Хенли, заменик-претседател на Lear за глобален дизајн на тапацир и високи занаетчиски вредности.
Нашиот тим од целиот свет се гордее со нашите глобални капацитети за опслужување на нашите клиенти во секој поголем регион и се радуваме на можноста за нашиот нов тим во Македонија да биде дел од нашиот континуиран успех. Би сакале да им се заблагодариме на сите кои работеа со нас во нашиот напредок во оваа фаза на работењето, додаде тој.
Во дополнение на тоа што нуди навлаки за седишта и сродни производи за автомобили од светска класа, Lear Тетово ќе даде придонес за локалниот регион во контекст на вработување и најмување на искусни професионалци за шиење како и лица кои неодамна го завршиле образованието во локалните образовни институции, рече Свен Дам, Заменик претседател на Lear за работа на тапацир за Европа и Африка.
Производите на Lear кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од разновиден тим кој брои околу 140 000 вработени, распределени во 36 земји. Lear во моментов е рангиран на 154-тото место од листата на Fortune 500. Седиштето на Lear е во Саутфилд, Мичиген, САД.