Лажно претставувајќи се како полицаец на граѓанин му зел 20.000 евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дваесет илјади евра (1.230.000 денари) зел лажен полициски инспектор од Тетово од лековерен кумановец, кој му ги дал парите во надеж дека наскоро ќе ги види синот на слобода од тетовскиот затвор.

Полицијата тврди дека кривичната пријава е поднесена против Н.М. (44) од Тетово кој е осомничен за кривично дело измама. Лани во јули тој лажно претставувајќи се како полициски инспектор во Одделот за оружје и дрога при СВР Тетово, го излажал Н.Б.(69) од Куманово на кого му ветил дека ќе му помогне неговиот син да излезе од затвор, а за услугата му зел 1.230.000 денари.