Лазаровска ќе биде избркана од АРМ поради говорот на омраза на Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Формирање на дисциплинска комисија која ќе поведе дисциплинска постапка против професионалниот војник Татјана Лазаровска најави АРМ, откако Лазаровска јавно, преку својот Фејсбук профил, го фалеше и „бараше Нобелова награда“ за убиецот од Нов Зеланд кој изврши масакр на верници во џамија.

Од АРМ најавија дека ќе биде предложена најстрога казна, односно да ѝ прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија поради користење на говор на омраза, пренесува Плусинфо.

Според објаснувањето од АРМ, а повикувајќи се на Законот за служба во АРМ, за Лазаровска ќе се бара престанок на работниот однос, односно престанок на статус на активен воен персонал поради изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост.

„Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, стои во реакцијата на Генералштабот.