Лазаров повторно се огласи: Секогаш изборот е Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако вчера ја разбранува македонската јавност со својот патриотски статус на Фејсбук (прочитајте овде), нашата ракометна легенда повторно се огласи на социјалната мрежа.

Кире Лазаров вчера на Фејсбук напиша дека треба да се обединиме за Македонија и даде поддршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија, што предизвика поделени реакции. Несогласување кај проопозициските и албанските елементи во Македонија, а огромна поддршка и почит кај сите оние кои сметаат дека албанската платформа и нејзиното прифаќање ќе ја наруши унитарноста на Македонија.

По тој повод, Кире денес повторно се огласи на Фејсбук:

Почитувани Македонци.
Драго ми е што има различни мислења после вчерашниот мој пост,меѓутоа си ветив на себе пред да постирам дека нема да избришам ниту еден коментар без разлика дали е тој позитивен или негативен.Не сакав да си створам лажна слика за состојбата бришејки ги коментарите што не ми се допаѓаат.
Тешките времиња служат за тоа да видиме што мислат нашите блиски за нас.
Во мојата професионална кариера имав многу советници од секаков тип.Доблест е да знаеш да ги сослушаш луѓето и сум им благодарен,НО одлуките секогаш ги носев сам.Затоа и сега се одлучив за МАКЕДОНИЈА.
Ние сите имаме право да поддржуваме политичка партија,имаме право да навиваме за Барселона или Реал,да бираме помеѓу Меси и Роналдо,секој си има свој вкус и избор но кога ке треба да одбереш помеѓу Македонија и било кој друг секогаш изборот е Македонија.
Нема дилема!!!
Имав прилика во кариерата да настапувам и за друга држава,да се обезбедам материјално за цел живот во време кога на нашата репрезентација не и цветаа рози но и тогаш ја одбрав Македонија,и не се каам воопшто баш напротив стојам гордо и ја пеам нашата химна во победи но и во порази…
Сега и во нашата држава не цветаат рози но сепак се одлучувам за Македонија,за Македонија која ја сакам од срце…
Нашата борба за Македонија продолжува.
Само храбро и одлучно??????
#едноимеимамезанегоживотживееме #слушајтегогласотнанародот