Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нашиот репрезентативен капитен по мечот имаше свое видување на целокупниот тек на натпреварот. Иако до 45 минута македонската ракометна репрезентација беше рамноправна, сепак во последните мигови Шпанците успеаја да стигнат до победа од 25-29. Избраниците на Лино Червар нема за што да жалат доколку се анализира прикажаната игра, но неколку судиски одлуки фрлија сенка врз победата на Шпанија.
„Сигурно дека заслуживме повеќе, но сега нема време за плачење или за анализирање. Најмногу ме иритира тоа што дефинитивно и како мала земја и како репрезентација од, да кажам, втор ред, втор ешалон – се носевме рамноправно, дававме отпор, воопшто не калкулиравме. Не се чувавме и се истрошивме максимално, но боли да се бориш против големите репрезентации на ваквите натпреварувања, а да немаш рамноправно судење. Веќе четврти пат тоа ни се случува. Кореанците не беа дораснати на првиот натпревар, слично беше и денес. Како земја многу значиме и во ИХФ и во ЕХФ, но го немаме тој третман.“
„Да се одигра квалитетна одбрана против една голема Шпанија, шаховски да се победи е голем комплимент. Утре продолжуваме со иста мера, ако не и подобра. Со верба за добар резултат верувам дека Господ ќе не награди и ќе не посреќи кога најмногу ќе ни треба“ – истакна капитенот Кире Лазаров по завршување на натпреварот.