Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Заради интерес на медиумите поврзн со обвинителниот предлог на Основнот јавно обвинителство против две лица за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, ја информираме јавноста дека:
По добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23 кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое ПРЕДЛОГОТ НА ОЈО СКОПЈЕ СЕ УВАЖУВА, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, на обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.