Лазаров го предводи идеалниот тим во ЛШ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го предводи идеалниот тим на деветтото коло во Лигата на шампионите.

Кире Лазаров, одигра брилијантен меч против францускиот шампион ПСЖ и со девет гола од 11 обиди, ја предводеше Барселона до победата 35:32. Блескавата партија на капитенот на македонската репрезентација му обезбеди место во идеалната седумка на деветтото коло, во Лигата на шампионите.

Во тимот на колото место избори и голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, но тој со своите 12 одбрани во второто полувреме не успеа да го спречи поразот на „црвено црните“ во Кјелце (27:24).

Тим на деветтото коло во ЛШ
Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)
Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)
Лев бек: Сејад Естеки (Динамо Букурешт)
Среден бек: Борис Пукховски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)
Пивот: Игор Вори (ППД Загреб).