Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нашиот најдобар ракометар запиша уште еден трофеј на своето конто.
Ракометарите на Барселона се освојувачи на ASOBAL Купот, на кој настапуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел на шампионатот на Шпанија. Во финалето во Леон попладнево Барса ја совлада екипата на Гранољерс со 30:25 (15:13).
Првиот дел започна израмнето и дури на средина од првиот дел Дика Мем постигна два гола за 8:5. Следеше мини-серија на Гранољерс со два гола на Кабањес Гарсија за 8:8 во 18 минута.
До крајот на првиот дел трипати резултатот беше израмнет, а Лазаров со два гола на одмор донесе предност за Барселона од 15:13.
Нашиот репрезентативен капитен и на почетокот од вториот дел погоди двапати за 18:14 во 35 минута. Носени од Лазаров и Жалуз полека се разиграа сите ракометари на Барселона и на половина од второто полувреме веќе беше 23:17 и победникот во финалето се наѕираше. На моменти Гарсија Барсело и Канељас погодија за 25:19 на половина од играта во второто полувреме.
И најмалите дилеми околу победникот ги разреши Лазаров со уште два гола за 28:22 во 55 минута. Така рутински мечот заврши со победа на Барселона од 30:25.
Со освојувањето на ASOBAL Купот, Кирил Лазаров веќе има трофеи во сезоната в џеб. Со освоениот трофеј во Леон попладнево, нашиот репрезентативен капитен дојде до бројката 52 трофеи во кариерата.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 3 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 3 со Барселона) (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 пати (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)