Лавров: Нова железна завеса веќе се спушта меѓу Русија и Западот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на руската дипломатија, министерот Сергеј Лавров порача дека самитот на НАТО во Мадрид уште една покажал дека од земјите членки се очекува безусловна послушност, во корист на САД.

„Верувам дека на сите им е очигледно што се очекува. Тие не се воздржуваат да зборуваат за тоа, а тоа го кажаа уште еднаш на самитот на НАТО во Мадрид. Од сите држави се очекува безусловна поддршка на нивната волја, што ги одразува нивните егоистични интереси, а првенствено интересите на САД“, кажа Лавров.

Лавров истакна дека модерна Европа, која ја претставува ЕУ, ја губи својата независност или трагите од независност кои ги имала. Додаде дека Европа се покорува на ставовите кои ги наметнуваат САД истакнувајќи дека тоа се однесува и на економските санкции наметнати на Русија.

„Ако ги споредите санкциите кои европските држави им ги воведоа на Русија и Белорусија со оние кои ги воведоа САД, можете да забележите дека САД се благи кон себе и се обидуваат да не се премногу активни во областите кои сериозно ќе ѝ наштетат на нивната економија“, кажа шефот на руската дипломатија.

Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека САД трпат негативни ефекти на санкциите, но дека Европа трпи многу повеќе. Лавров кажа дека САД сакаат да ги ослабат и Русија и ЕУ. „Европската Унија им е конкуренција на САД“, кажа рускиот министер.

Тој истакна дека нова железна завеса веќе се спушта меѓу Русија и Западот. Кажа дека Москва од сега натаму нема да им верува на Вашингтон и на Брисел.

„Железната завеса веќе се спушта. Процесот почна“, кажа Лавров.

Тој ја обвини ЕУ дека воопшто не е заинтересирана за разбирање на интересите на Русија, истакнувајќи дека не го интересира што е одлучено во Брисел.

„Она што е одлучено во Вашингтон е одлучено и во Брисел“, заклучи Лавров.