Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред состанокот со кинескиот колега Ванг Ји, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека Москва и Пекинг работат заедно за да го отворат патот за „праведен светски поредок“. Ова е прва посета на Лавров на Кина откако Русија ја почна инвазијата на Украина кон крајот на февруари.
Лавров изјави дека клучните сојузници, Кина и Русија, се движат кон нов светски поредок, под „незаконските санкции на Западот против Москва“.
Во видеото објавено од руското Министерство за надворешни работи пред средбата, Лавров рече дека светот „минува низ многу сериозна фаза во историјата на меѓународните односи“.
На крајот од тој процес, рече Лавров: „ние, заедно со вас (Кина) и нашите симпатизери, ќе тргнеме кон мултиполарен, чесен и демократски светски поредок“.
„Страните ја забележаа контрапродуктивната природа на незаконските еднострани санкции наметнати на Русија од страна на Соединетите Држави и нивните сателити“, изјави рускиот министер за надворешни работи.
За разлика од многу земји, Кина одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Американските власти го обвинија Пекинг за „сигнализирање подготвеност“ да ѝ помогнат на Русија, и воено и економски. Американскиот претседател Џо Бајден ја спореди руската инвазија на Украина со кинеското насилно задушување на студентските протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Кина и Русија во последните години многу се зближија. Рускиот претседател Владимир Путин беше присутен на свеченото отворање на Олимписките игри неколку недели пред да почне инвазијата на Украина.