Лавров апелира: Русија не сака војна со Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска порача дека Русија не сака да започне војна против Украина.

Тој ова го кажа во време на зголемени тензии поради трупањето на околу сто илјади руски војници во близина на границата со Украина и во период во кој Москва бара безбедносни гаранции од западните земји како услов за деексалација на кризата.

Соединетите држави и НАТО на 26 јануари го отфрлија барањето на Москва за трајно затворање на вратата на алијансата за Украина и за други поранешни советски републики. Сепак, Вашингтон во својот одговор остави простор за „ дипломатски пат“ за решавање на кризата, истовремено повторувајќи ги заканите за економски санкции ако Русија ја нападне Украина. Западните влади, исто така, ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи од пограничните региони и од Белорусија, потег што Москва го отфрли.

„Ако зависи од Руската Федерација, нема да има војна. Не сакаме војни. Но, нема да дозволиме нашите интереси грубо да се газат и да се игнорираат“, рече Лавров во интервју за руска радио станица.

„Ние не сакаме војни, но нема да дозволиме нашите интереси да бидат грубо газени или игнорирани“, рече Лавров.

Рускиот министер додаде дека новата рунда санкции на САД против Москва најверојатно ќе доведе до прекин на односите меѓу двете земји. Неколку рунди дипломатски средби беа одржани во европските градови овој месец меѓу Западот и Москва, но на нив не беше постигнат пробив, иако страните покажаа подготвеност да ги продолжат разговорите.