Лацио ја продава својата ѕвезда, но НЕ во Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Лацио ова лето готово сигурно ќе го продаде Сергеј Милинковиќ Савиќ, без разлика дали ќе успее да се пласира во Лигата на шампиони.

Имено, раководството на „бјанкочелестите“ сака да прави реконструкција и комплетирање на тимот, а за таа цел ќе го продаде Милинковиќ-Савиќ, но не за помалку од 100 милиони евра.

Србинот буквално „експлодираше“ и во последните две сезони се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па европските гиганти покажуваат силен интерес за него.

Клубовите од Манчестер, ПСЖ, Баерн Минхен, Реал Мадрид се во трка за неговиот потпис, а Јувентус иако е силно заинтересиран, Лацио е одлучен да не го продава во Торино.

Италијанските медиуми пренесуваат дека со парите од СМС, Лацио сака да ја засили одбраната и да донесе замена за Де Вриј, како и еден играч за врска.

Милинковиќ- Савиќ има договор со Лацио до 2022 година и сигурно нема да го напушти „Олимпико“ за сума помала од 100 милиони евра.