Лацио го сака Ристовски – Спортинг ја одреди цената


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лацио е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, пренесуваат италијанските медиуми.

Римскиот клуб сака да ја засили бековската позиција во зимскиот преоден рок, па поради тешкотите да се реализира трансферот на Запакоста од Челзи, сега се насочи кон Ристовски.

Спортинг е спремен да го пушти македонскиот репрезентативец, но само доколку во клубот пристугне понуда од 7 милиони евра. Медумите на Апенините тврдат дека Лацио во моментов нуди 5 милиони евра.

Португалскиот гигант го ангажираше Ристовски пред 18 месеци од Ријека за 2,5 милиони евра, а Македонецот има важечки договор до јуни 2022 година.