Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како до тоа да е дојдено кај нас во државава (ако ова веќе може да си го викам наша држава) – при сите економски, социјални, правни, здравствени и други проблеми, двајцата пратеници во македонското Собрание од различни партиски табори, Костадин Костадинов од владејачката СДСМ и Ане Лашкоска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се скараа за таа пуста опашка од статуата на бикот која е поставена на улица „Македонија“, во центарот на Скопје.
Опашката на бикот, дело на авторот Дарко Дуковски, беше скршена лани во ноември, а тогаш од Музејот на современа уметност кажаа дека ќе биде поправена.
Еве ги препукувањата на социјалните мрежи меѓу двајцата „загрижени“ пратеници.