Home Наука и техонологија Лаптоп со 7 монитори теж 12 килограми – еве за што е дизајниран

Лаптоп со 7 монитори теж 12 килограми – еве за што е дизајниран

Aurora 7 е прототип на лаптоп со 7 монитори и тежина од 12 килограми, производ на компанијата Expanscape. Лаптопот, поточно, доаѓа со еден основен и 6 дополнителни екрани кои се отвораат на сите страни.

На главниот 17.3 инчен екран со 4К резолуција му се придружени три други екрани со иста резолуција. Над левиот и денсиот приказ, се наоѓаат 1200p монитори со дијагонала од 7 инчи. За крај, тука е уште еден 1200p монитор сместен во долниот дел од лаптопот.

За графиката е задолжената „GTX 1060“ графичката карта во комбинација со процесорот „Intel Core i9-9900K“ и 64 GB RAM. „Expanscape“ во конечната верзија доаѓа со „RTX 2070“ и избор меѓу два процесори „AMD Ryzen 9 3950x“ или „Intel i9-10900K“, пренесе „The Verge“.

Лаптопот е дизајниран за надзор на објекти, а предвидено е да не се поместува откако еднаш ќе се постави. Тоа ја објаснува тежината од 12 килограми и две батерии кои можат да издржат околу еден час пред да им затреба полнач.

„Aurora 7“ не е совршен лаптоп, не изгледа како „Razer Project Valerie“, но тоа не ја спречува компанијата „Expanscape“ која наскоро планира да почне со продажба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…