Land Rover Explore: Нов „теренски ѕвер“ меѓу паметните телефони


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Land Rover Explore е паметен телефон кој ќе го лансира автомобилскиот гигант Land Rover познат по своите теренски возила.

Land Rover Explore ќе биде карактеристичен по издржливоста и подготвеноста за секакви предизвици. Ќе биде изработен во соработка со компанијата Bulit, која е позната по издржливите „САТ“ телефони.

Од Land Rover најавија дека телефонот e отпорен на пад од висина од 1,8 метри и дека има фабрички вградена заштита на екранот. Може да преживее во солена вода и на екстремни температури.

На почетниот екран има и „контрола плоча“ со информации кои од сензорите, а екранот реагира и на допири со ракавици. Land Rover Explore својата премиера ја имаше на саемот во Барселона.

Тој има 10-јарен процесор MediaTek Helio X27 и 4 гигабајти рам меморија, како и 64 гигабајти меморија на телефонот. Екранот е голем 5 инчи и поддржува Full HD резолуција, а заштитен е со најновата „Gorilla Glass 5“.

Опремен е со камери од 16 и 8 мегапиксели, а батеријата има капацитет од 4.000 милиампер часови, со дополнителна надворешна батерија од 3.600 милиампер часови.