Лампард и Варди најдобри во Премиерлигата минатиот месец!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Челзи, Френк Лампард беше избран за најдобар тренер во Премиер лигата за месец октомври.

Лампард ова признание го доби откако неговиот тим минатиот месец оствари три победи и тоа против Саутемптон, Њукасл и Барнли. Ова за него е прва ваква наградата во професионалната тренерска кариера.

Лампард во трката го победи Јирген Клоп, кој ја доби наградата за првите два месеци од оваа сезона.

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди пак ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата во месец октомври, откако постигна четири гола на три меча.