Авто мото

Ламборџини Стерато – лудило од суперболид прилагоден и за „оф-роуд“ газење

Гигантот од светот на суперавтомобилите и спортската автомобиска индустрија, Ламборџини, го претстави првиот болид прилагоден и за „оф-роуд“ возење, мпќнот модел Стерато.

Ламборџини конципираше болид, кој за разлика од другите во неговата класа нема да биде прилагоден само за бесни возења на асфалт. Името на новиот болид за груби терени е Стерато и засега станува збор само за концепт.

Настанал врз основа на Хурикејн, по многумина најдобриот суперспортски автомобил последните години. Разликата е во тоа што долниот дел е подигнат за 47 мм , а можноста за возење на секаков терен му ја дава и аголот на движење.

Автомобилот има и специјални гуми, кои се проширени за 30 мм. Подницата е целосно заштитена со алуминиумски плочи и зајакнати се и праговите. Моторот останува ист – 5.2 V10 со 640 Кс и погон на сите тркала.

Advertisements
To Top