Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ламборџини веќе го има распродадено целото производство до почетокот на 2024 година, соопшти денеска директорот на компанијата Стефан Винкелман.
Винкелман уште додаде дека побарувачката за автомобилите е голема, со нарачки за следните 18 месеци.
Богатите муштерии ги купуваат луксузните автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина.
„Се повеќе се купуваат нашите автомобили. Купувачите имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, какви се нивните перформанси“, изјави Винкелман, истакнувајќи дека за да продолжи позитивниот тренд е потребно „уште малку да потрае“ стабилноста на глобалната економија.
Инаку, долготрајното чекање за нов автомобил се должи на недостиг од делови, особено чиповите што се вградуваат во новите електрични модели.