Ламбе пуштен да се брани од слобода – како мерка за претпазливост одземен му е пасошот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пејачот Ламбе Алабаковски е пуштен од домашен притвор и ќе се брани од слобода за палењето на влезот на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврди неговиот адвокат Дарко Стефановски.

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел одлука како мерка на претпазливост на Алабаковски да му биде одземена патната исправа.

На Алабаковски му се става на товар делото предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години. Според полицијата, пејачот признал дека тој го подметнал пожарот.