Home Актуелно Ламбе Алабаковски приведен за пожарот во бугарскиот културен центар во Битола – пејачот ја признал вината

Ламбе Алабаковски приведен за пожарот во бугарскиот културен центар во Битола – пејачот ја признал вината

Повикувајќи се на извори од МВР, Фокус пренесуав дека пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Според информациите со кои располагал Фокус, Алабаковски се повикал дека чинот го сторил поради „патриотизам“.

Министерот Спасовски претпладнево информираше дека е уапсено едно лице за тој чин, потенцирајќи дека секој што го прекршил законот, ќе одговара.

Алабаковски пред извесно време со своето семејство се врати од САД, каде живееше долги години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…