Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако беа преместени од Куманово и Скопје, малата група припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“ се однесени во охридското село Лакочереј. Според нив групата од 37 членови, повеќето од нив малолетни лица, е сместена во хотел, пренесува СДК.
Вознемирени и уплашени, денеска жителите на селото излегоа на улица со барање да се исели групата оти се плашеле за својата безбедност.
„За првпат во мојот живот чуствувам ваков страв. Бараме групата да се исели од селото. Ние ниту сакаме да ги малтретираме ниту да ги навредуваме. Сакаме само да заминат оттука. Читаме дека оваа група не е пожелна никаде и поради тоа не сакаме да биде присутна и тука. Се зборува дека киднапирале деца иако ние тоа не можеме да го тврдиме, но страв постои. Не случајно е избрано ова село кое е чисто православно со 5 цркви“, велат мештаните.
Сведоци биле кога групата со полициска придружба пристигнала во селото и побараа надлежните итно да ги дислоцираат.
„Лицата за кои прашувате ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.
Очевидци од местата низ кои престојуваат, велат дека овие луѓе никого на криво не погледнале, а камо ли да прават проблеми. Сепак, верниците најпрво во Куманово, а потоа и во Скопје предизвикаа лавина негативни реакции и говор на омраза на социјалните мрежи, како и напади со фрлање јајца и камења, поради што полицијата мораше да ги чува.