Лајм тврди: Тројца пратеници од ДУИ откажуваат послушност на Ахмети ако коалицира со Груевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вп вие моменти кога секојдневно се објавуваат информации дека ДУИ е блиску до договор со ВМРО ДПМНЕ, тројца пратеници од оваа партија му откажале послушност на Ахмети и јасно кажале дека нема да поддржат нова влада на Груевски, објави Лајм.

Не се објавуваат нивните имиња, меѓутоа и покрај големиот притисок што им се врши за да се откажат од мандатите, тие не попуштат, па затоа челниците на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ сега бараат резервни пратеници во други партии за да стигнат до бројката од 61 пратеници.

Не се знае како ќе функционираат и како ќе се однесуваат овие тројца пратеници доколку ДУИ сепак реши да направи коалиција со ВМРО ДПМНЕ, односно дали ќе останат во ДУИ или ќе преминат во друга партија.