Lagonda – нов луксуз од ексклузивниот Aston Martin


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Познатиот производител на атрактивни автомобили, Aston Martin, на автомобилскиот саем 2018 Geneva Motor Show го лансираше новиот луксузен бренд Lagonda, чиј прв модел ќе биде SUV кој на пазарот ќе се појави во 2021.

Во 2023 најверојатно ќе следува saloon варијанта, а до тогаш на располагање би требало да се и новиот вид батерии во цврста состојба (solid state) кои на возилата би им овозможувале домет поголем од 643km. Во нив треба да биде вградено и безжично полнење.

Lagonda SUV ќе дели дел од технологијата со Aston Martin DBX кој наверојатно ќе биде именуван како Varekai.

Компанијата за време на саемот во Женева најавила партнерства со Tag Heuer, Beats слушалките и Waldorf Astoria, чија технологија би била вградена во новите нивни автомобили, а Lagonda моделот би се користел за автономен транспорт за посетителите на Waldorf Astoria хотелите.

Иако сега засега се зборува за можноста за 2 Lagonda модели, голема е веројатноста дека и купето прикажано во Женева би станало дел од понудата.