Лаги, родова нееднаквост, нетолерантност и негување на нацизмот – со кои сè опасности се борат уредниците на Википедија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најголемата светска онлајн енциклопедија вообичаено е првиот резултат што се ‘појавува’ кога корисниците ќе прашаат нешто на Интернет и затоа е многу влијателен извор на бесплатни информации, но и одраз на недостатоците на човештвото.

Теоретски, статиите на Википедија може да ги пишува секој со интернет конекција, на приближно 300 јазици, а содржината ја уредуваат и контролираат главно анонимни волонтери.

„Го носам мојот лаптоп каде и да одам за да ја уредувам Википедија“, рече Ала Најар од Блискиот Исток, кој побарал да се изостават деталите за неговиот идентитет за да се заштити неговата приватност.

„Моите пријатели велат дека тоа е зависност. Јас велам дека тоа е мојата страст“, ​​напишал тој на АФП преку е-пошта. Најар вели дека придонесува за Википедија со речиси 500 записи (содржини) неделно. Тој е доктор, па затоа е окупиран со борбата против напливот на лажни информации кои се појавија за пандемијата.Во мноштвото дезинформации во енциклопедијата, тој забележал лажни извештаи дека Ковид-19 убил некои познати личности и дека бројот на заразени и починати во некои земји е поголем од нивното вкупно население.

„Прегледав стотици написи за пандемијата на коронавирус и отфрлив многу информации кои се неточни или погрешни“, рече Најар, добитник на наградата за работа на Википедија за 2021 година.

Енциклопедијата постои 20 години, па дури има и статија посветена на сопствените контроверзии. Во последниве години, доби позитивни признанија за способноста да ги проверува фактите.

Иако платформата се проширува, не ѝ е цел да заработи пари, па затоа не е предмет на критики дека нејзиниот профит е поважен од безбедноста како Facebook.

Наместо тоа, Википедија има волонтери кои се длабоко вклучени во нејзината мисија да обезбеди пристап до резимеа од сите гранки на човечкото знаење.

Отстранувањето на сомнителни написи од платформата може да биде неблагодарна работа.

„Еден уредник ме нарече „вандал“ затоа што отстранував информации што немаа извор“, рече Ксенија Кофман, која се борела како што вели таа со „фантастика“ за Втората светска војна на Википедија, вклучувајќи го и начинот на кој се прикажуваат нацистите и германските генерали.

Тоа е серија записи кои го игнорирал историскиот контекст на воените злосторства како што е Холокаустот и наместо тоа ги романтизирале германските сили.

На Википедија „се појавуваат“ уште некои дамки од човечката историја.

Друг проблем е многу помалата застапеност на жените од мажите во пишаните дела.

Само 15 отсто од биографиите на англиски јазик во 2015 година биле за жени, па се направени напори да се намали тој јаз меѓу половите.Шест години подоцна, тој процент се искачил на 19 отсто од биографиите, рече волонтерката Ребека О’Нил.

Минатата година таа пишувала по една статија дневно на Википедија, во сооднос од 19 биографии на жени и една биографија на маж.„Можам да понудам нешто како поединец. Ќе одвојам време и само ќе го направам тоа“, вели таа.

Википедија бара сигурни, објавени извори од весници или академски кругови за да ја поддржат статијата.

„Википедија е непријатно огледало на светот, бидејќи ги опишува сите наши систематски празнини во знаењето“, рече О’Нил.