Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имунолошкиот систем работи напорно да се бори против разните инфекции и заболувања, и неговото одржување постојано да е јак е од исклучителна важност за нашето здравје, особено во студените зимски месеци.
За многу продукти се вели дека го подобруваат имунитетот, а и се шират многу „бабини приказни“ во врска со него. Сепак, дел од тоа се фактички вистини, додека дел се обични лаги во кои луѓето некако успеваат да поверуваат.
1. Стресот го намалува имунитетот – факт
Стресот ги менува нивоата на одредени биохемиски маркери во телото – есенцијални за имунолошкиот систем – притоа компромитирајќи го неговиот одговор кога ќе настапи некоја инфекција. Според студија од 2012, имунолошкиот систем кај оние кои биле под стрес бил помалку осетлив на кортизол, што овозможувало да се развијат симптоми на настинка, бидејќи делот од имунолошката реакција, таканаречениот инфламаторен одговор, растел и создавал такви симптоми. Овие инфламаторни реакции на телото се хранат од стресот.
2. Добрата исхрана е поврзана со здрав имунолошки систем – факт
Здравата, балансирана исхрана и земање на суплементи го заштитува здравјето, според Академијата за исхрана и диететика на САД. Протеинот е дел од одбранбениот механизам на телото, а имунитетот може да се зајакне и со суплементирање со витамините А, Ц, Е, цинк и Б6.
3. Вежбањето го намалува имунитетот – невистина
Според истражувачи од Харвардската медицинска школа, вежбањето влијае на доброто здравје и здравиот имунолошки систем, а не го ослабува, како што некои погрешно тврдат. Меѓутоа, некои научници сега пробуваат да одредат дали вежбањето директно влијае врз подложноста на лицето на инфекција.