Лабаво во танга издание: На Никол Шерцингер меракот ѝ е на Капри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славната и опасно заводлива и провокативна пејачка Никол Шерцингер деновиве ужива во природниот раскош на италијанскиот остров Капри.

40-годишната бивша пејачка од познатата група Pussycat Dolls и член на жирито во „Фактор Икс”, во друштво на блиски пријатели мерачи на приватна јахта во водите околу Капри, каде беше фотографирана од будните и неуморни папараци. Ја начекаа додека се одмора во жолто танга бикини, кое ја открива нејзината беспрекорна фигура.

Иако се смета за една од најубавите жени на светот, жешката Никол вели дека долго време мака мачела со проблемите со недостаток на самодовербата и не бикла воопшто задоволна од својот изглед.

Oсвен што страдала од булимија, таа била опседната со вежбање. „Толку ги мразев своите широки колкови, што се будев среде ноќ и одев да вежбам”, откри Шерцингер пред неколку години. Денес дели малку поинакви совети.

„Сакајте се и прифатете се себеси. И немојте да се одречете од храна, но јадете умерено. Тоа е единствениот исправен рецепт“, им порачува Никол на жените кои се борат со сопствената несигурност.