“Л’Екип“ тврди: Голот на Меси за 3:2 требаше да биде поништен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден ден по вчерашното финале на Светското првенство во кое Аргентина славеше победа по изведувањето на пенали откако по 120 минути фудбал резултатот беше 3:3 Французите се жалат дека третиот гол на Аргентинците требало да биде поништен.

„Л’Eкип“ пишува за голем пропуст на полскиот арбитар. Според познатиот весник голот на Меси за 3:2 требало да биде поништен.

Имено, тие потенцираат дека двајца фудбалери на Аргентина тргнале предвреме да се радуваат и влегле на теренот пред голот да биде постигнат.

„Л’Eкип“ додава дека и покрај тоа што двајцата фудбалери не влијаеле на играта, правилата си се правила и во таква ситуација се суди индиректен удар.