КЗБ утре ќе одлучува дали да бара укинување на полицискиот час и на задолжителното носење маски на отворено од 1. јуни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На утрешниот редовен неделен состанок, Комисијата за заштита од заразни болести ќе дискутира дали да се укине полицискиот час и носењето маски на отворено од 1ви јуни. Заменикот министер за здравство кој е и член на комисијата вели дека со оглед на тоа што епидемијата стивнува – обврската за носење на маските на отворено, според него би требала да се укине, а исто и полицискиот час.

„Мислам дека време е веќе да се размислува во тој правец и мојот став ќе биде дефинитивно да се укине, но сепак Комисијата за заразни заболувања ќе одлучи врз основа на целокупната епидемиолошка состојба, врз основа на нивните пареметри, предвидувања и врз основа на информациите што ние ги маме во однос на другите соеви кои што се потенцијален ризик и за нашата држава и затоа треба да внимаваме за да го заштитиме здравјето на граѓаните“. – Д-р Илир Хасани – Заменик министер за здравство.

Според извештаите од министерството за здравство вкупно 249 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава, а поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Сепак и покрај намалувањето на новозанолени, бројката на починати пациенти и натаму е висока.

„Епидемиолошки, паѓањето на бројките на починати е со задоцнување од паѓањето на новозаболени. Сега во моментот во болниците се најтешко болните, т. е. тие кои имаат пролонгирана болест и тие се изложени на голем процент на смртност. Генерално, мислам дека се очекувани бројките на починати да се намалуваат за две до три, можеби и четири недели од намалувањето на бројката на новозаболени“. – Д-р Илир Хасани – Заменик министер за здравство.