Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Комисијата за заразни болести на денешната седница одлучи да не препорачува нови мерки, сметајќи дека во моментов ситуацијата е под контрола, но будно ќе се следи состојбата апелираат од Комисијата.
Комисијата за заразни болести утрово имаше состанок на кој се разгледуваше тековната епидемиолошка состојба со коронавирусот.
Беа најавени можни мерки поради делта сојот кој зема се поголем замав во Светот, а се појавува и во соседството. Но, засега од Комисијата нема да препорачаат ништо конкретно од страна на нови превентивни мерки и рестрикции.
„Ситуацијата е прилично мирна. Нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика. Повеќе денови по ред нема притисок по болниците. Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде што напшите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче, во денешна изјава за Утрински брифинг.