КЗБ го укинува задолжителното поседување Ковид-19 сертификат за влез во трговски центри


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во трговските центри, односно онаму каде што не е задолжително носење маски.

– Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следнитот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати, рече вчера на прес-конференцијата по состанокот, претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.