Home Актуелно КЗБ го одложи денешниот состанок

КЗБ го одложи денешниот состанок

Состанокот на Комисијата за заразни болести кој беше закажан за денес, а на кој требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот е одложен.

Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, ќе бидат вакцинирани 20.000 граѓани, а втората доза ќе им биде дадена за 3 месеци.

Министерот најави дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку КОВАКС механимот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…