Квизовите на Фејсбук ви ги крадат личните податоци!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќето корисници на социјални мрежи се заразени со квизови, а воопшто не се свесни дека на тој начин хакерите му ги добиваат личните податоци, па потоа ги продаваат. Колку пати на Фејсбук ќе погледнете интересен и забавен квиз кој го решил некој од вашите пријатели и вие сте посакале да го направите истото?

Дознаете која е вашата сродна душа или што сте биле во предхотниот живот? Колку и да изгледа тоа забавно на прв поглед, позади тој невин квиз може да се кријат хакери. Неодамна е откриена група на хакери која ги користела баш тие квизови на социјалните мрежи за да ги превземат личните податоци.

Поголем дел од квизовите се заразени така што им помагаат на хакерите полесно да си ја завршат својата работа.
Меѓутоа, еден помал дел на квизови бил заразен и со малициозен софтвер кој може да направи и поголема штета. Експертите предупредуваат дека преку квизовите многу корисници несвесно ги даваат своите податоци, а потоа хакерите ги препродаваат.

Тоа не значи дека корисниците треба да престанат да ги решаваат овие квизови, туку треба да бидат посебно внимателни кога го прават тоа. Не би смееле да кликаат на објавите кои му ги праќаат нивните пријатели доколку се разликуаваат од вообичаениот начин на комуникација. Линковите треба да ги отвараат во посебен прозорец, а не во тој кој што сте логирани. Треба да се избегнуваат впишувањата на податоциите со кои се логирате на Фејсбук.

И на крај, размислете дали треба да кликате баш на секој квиз кој ќе ви се појави на Фејсбук. Некои работи е подобро да ги прескокнете.