Кутињо спремен на се: Плаќа од свој џеб за трансферот во Барса


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Филипе Кутињо и понатаму ги полни насловните страни на спортските медиуми со шпекулациите дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти Ливерпул и ќе се пресели во Барселона.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ денес ги израдува фановите на Барселона со нови оптимистички новини околу евентуалниот трансфер на Кутињо на „Камп Ноу“.

Според весникот кој е близок до Барселона, бразилскиот репрезентативец сака да го забрза трансферот на „Камп Ноу“ и е спремен да плати 15 милиони евра од својот џеб.

„Црвените“ сакаат 110 милиони евра веднаш плус дополнителни 40 милиони во вид на бонуси, а Кутињо е спремен да го помогне финансирањето на првичната сума.

Парите кои што ќе ги даде Бразилецот потоа ќе бидат компесирани од неговиот договор со Барселона, а во тоа ќе помогне и компанијата „Најк“ која е спонзор на двете страни.

Ова не е прв случај играч сам да финансира дел од трансферот, истото го направија Хавиер Маскерано и Цеск Фабрегас кога пристигнуваа на „Камп Ноу“.