Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новиот фудбалер на Барселона, Јери Мина и официјално ќе го носи дресот со број 24. Дефанзивците носат најголеми броеви во тимот, Умтими има 23-та, Верален 25-та, а Колумбиецот го избра бројот меѓу нив.
Каталонските медиуми пишуваат дека Мина ја продолжил традицијаат со бројот 24 кој некогаш го носеа и Карлес Пујол, Андрес Иниеста, Јаја Туре, Серџи Роберто како и Жереми Матије.
Интересно, Кутињо и понатаму нема официјално избрано број на дресот, а денес се појави информација дека нема да ја носи „седумката“ која ја остави Арда Туран со образложение дека тој број „се чува за едно големо летно засилување“.
„Седумката“ е слободна веќе неколку дена, но Кутињо најверојатно ќе го носи дресот со број 14, откако Маскерано ќе го напушти клубот.
Дресот со број 7 ќе го носи новото бомбастично засилување од следното лето, а медиумите претпоставуваат дека тоа најверојатно ќе биде Гризман.