Кутињо призна дека не е среќен во Барселона – сака да си оди од „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“ и сака да го напушти клубот ова лето, пренесуваат каталондските медиуми.

26-годишниот Бразилец пристигна како најскапо засилување во историјата на Барселона, но не ги оправда очекувањата, па оваа сезона често беше резерва.

Кутињо им признал на своите најблиски дека не е среќен во Барселона и дека не се адаптирал во новиот клуб, па сака ова лето да ја промени средината.

Барселона исто така е спремна да се радели со Бразилецот, но за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.

Најсилен интерес во моментов за Кутињо покажуваат ПСЖ и Челзи, но „сините“ имаат забрана за трансфери, а „светците“ не можат да трошат големи суми поради Финансискиот фер-плеј.

Мадридскиот „АС“ пишува дека парискиот клуб може да го донесе Кутињо како позајмен фудбалер на една година, со задолжителен откуп следното лето. Притоа, „светците“ би го преземале и плаќањето на бонусите кои Каталонците ги имаат кон Бразилецот.