Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот од редовите на Ливерпул, Фелипе Кутињо е главна тема на Островот поради неговиот можен трансфер во Барселона.
Утрово Ливерпул преку официјално соопштение потврди дека нема да ги разгледува понудите за Кутињо и дека Бразилецот сигурно останува на „Енфилд“.
Веднаш потоа „црвените“ соопштија дека Кутињо заработил повреда и дека два дена не тренирал со остатокот од тимот, па најверојатно ќе го пропушти првото коло во Премиер лигата, викендов против Ватфорд.
Фановите на Ливерпул се разочарани и сметаат дека ова е само еден од начините Кутињо да го забрза својот трансфер во Барселона.
Британскиот „Скај Спорт“ пак пренесува дека Бразилецот официјално побарал од раководството на клубот да му биде дозволен трансфер во Барселона и е разочаран што клубот не го пушта да се пресели на „Камп Ноу“.