Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од најголемите трансфер саги ова лето, покрај трансферите на Нејмар и Мбапе, беше онаа помеѓу Кутињо и Барселона.
За неговата голема жал, трансферот не се реализираше, а Кутињо за прв пат јавно проговори за се што се случуваше во летниот преоден рок.
„Добив официјална понуда. Како и обично, понекогаш сте заинтересирани, а понекогаш не. Моето семејство и јас бевме заинтересирани и ја прифативме понудата. Тоа беше многу комплициран месец за мене и моите блиски“, изјави Кутињо.
Бразилецот не сакаше да открива детали, но отворено призна дека ја прифатил одлуката на Ливерпул.
„Сега се е готово и морам да се сконцентрирам да имам добра сезона и да му помогнам на клубот и репрезентацијата. Секогаш сум го почитувал Ливерпул и сите луѓе кои работат во клубот. Голема е честа да добиете понуда од клуб како Барса, но и Ливерпул е голем клуб“, додаде Кутињо.