Advertisements
Спорт

Кутињо ја напушта Барса и веќе го избра новиот клуб

Филипе Кутињо на почетокот на 2018 година пристигна во Барселона како најскапо засилување во историјата на каталонскиот клуб, но не ги оправда очекувањата.

Бразилецот не се адаптираше на „Камп Ноу“ и оваа сезона го загуби местото во првиот тим, па веќе донел одлука да ја промени средината ова лето.

Барселона нема да се противи на неговото заминување, но сака да врати поголем дел од парите инвестирани во него и за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.

Најсилен интерес за Бразилецот покажуваат ПСЖ и Челзи, но шпанските медиуми тврдат дека Кутињо нема голема желба да се пресели во Париз, иако „светците“ му нудат повеќе пари.

Негова најголема желба е преселба во Челзи, каде би бил легитимен наследник на Еден Азар, кој се пресели во Реал Мадрид.

Меѓутоа, проблем е што Челзи не може да прави трансфери ова лето поради казната од ФИФА. „Сините“ се жалеа пред арбитражниот спортски суд и прават се да добијат одговор пред затворањето на трансфер пазарот, за да можат да го комплетираат трансферот на Кутињо.

Advertisements
To Top