Вебкафе

Кутија со пури и потпис од Фидел Кастро достигна вртоглава цена на аукција


Кутија со пури од личната колекција на поранешниот водач на Куба, Фидел Кастро, на аукциско наддавање во Бостон беше продадена за 26.900 долари.

Со дрвената кутија на која стои потписот на Кастро со син фломастер, продадена е и негова фотографија која ја потпишал за филантропот Ева Халер во 2002 година.

Кутијата содржи 24 пури. Овие пури се произведувале строго само за Фидел Кастро уште од 1980 година.

Се до 1998 година овие пури можеле да ја напуштат Куба, единствено ако биле наменети за подарок на некои странски државјани.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top