Кутиите со доказите од СЈО за 17 поднесени обвиненија необезбедени се оставени во судница


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фотографии на кои се гледаат кутиите со докази од СЈО за 17-те поднесени обвиненија дека се ставени во судница се појавија на дел од социјалните мрежи. Станува збор за судницата број „1“ каде се одржуваат речиси сите рочишта за обвинетите од СЈО.

Денеска во Кривичен имаше судења кое не се за предметите на СЈО, но затоа, доказите, складирани во картонски кутии, се гледа дека дека се оставени на столчињата предвидени за јавноста.

Од овој суд, неодамна во јавноста беше споделена фотографија од рочиште, во кое, поради сензитивноста на материјалот, презентиран од СЈО, беше исклучена целокупната јавност. Но, од судењето се појави фотографија направена од камерата во судот. Судот и обвинителството не открија кој ја објави фотографијата на социјалните мрежи.