Кустурица сними филм за најскромниот претседател на светот Хосе Мухика – бујрум трејлер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светски познатиот српски режисер, Емир Кустурица, својот најнов документарен филм го посвети на животот и делот од најскромниот претседател на светот, бившиот прв човек на Уругвај, Хосе Мухика. Новото документарно филмско остварување на Кустурица премиерно беше прикажано изминатиов викенд, на 47. издание на ФЕСТ во Белград.

Документарецот „Пепе, еден возвишен живот“ ја следи животната и политичка приказна на најскромниот претседател на светот и неговиот успех во заживувањето на уругвајската економија.

„Бевме на турнеја низ Франција и нашиот тур-менаџер ми рече дека некој тип од Уругвај, претседател, кој сака да направам филм за него. Реков: добро, но ќе видиме. Но човекот инсистираше да ми објасни дека тој претседател се уште вози трактор, работи на поле и слично и тоа веќе ме освои. Навистина не е карактеристично претседателот на државата да вози трактор, да им ја дели платата на сиромашните и слични работи. Тој без никаква придружба или обезбедување излегува на пијачка со својата сопруга, па тоа го нема никаде во свет“, изјави Кустурица на прашањето како дошол на идеја да сними филм за Мухика.